Над 100.000 убиени и ранети се загубите на руските сили во Бахмут, проценува Белата куќа

by Fokus

Повеќе од 20. 000 руски војници се убиени, а над 80. 000 се ранети во изминатите пет месеци во борбите во Украина, што е драстично зголемување на и онака големите загуби на Москва проценуваат американските разузнавачки служби, пренесува Гардијан.

Рововската битка за малиот град Бахмут на истокот на Украина се едни од најбруталните во изминатите пет месеци.

Повеќето руски војници, според проценките, се убиени во бруталната рововска војна за малиот источен град Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот за негово заземање, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Поврзани новости