Над 100.000 посетители и меѓународни делегации на Тиквешкиот гроздобер 2025

by irena 09:36
09:36

Од 5 до 7 септември 2025 година, Кавадарци ќе биде домаќин на повеќе од 100.000 посетители за време на Тиквешкиот гроздобер. Настанот не е само културен, туку и економски мотор на регионот – со голем придонес кон туризмот, угостителството и занаетчиството.

Посетителите трошат на сместување, храна, сувенири и услуги, што директно влијае на приходите на локалната економија. Општината има обезбедено 7 милиони денари за организацијата, а дел од средствата доаѓаат од донатори и општествено одговорни компании.

Оваа година во Кавадарци ќе пристигнат повеќе од 10 делегации од збратимени и пријателски градови од Балканот, а во карневалот ќе учествуваат над 15 групи од европската карневалска федерација. „Тоа е можност за меѓународна соработка, промоција на градот и нови туристички текови“, велат организаторите.

Тиквешки гроздобер: Од древните лозја до денешната магија на Кавадарци

Настанот создава платформа за локалните производители и занаетчии да ги презентираат своите производи, што води до зголемена продажба и препознатливост на нивните брендови.


Покрај културно-забавниот дел, фестивалот има и силен туристички потенцијал. Програмата е збогатена со изложба на олдтајмери и јангтајмери со над 100 автомобили, која предизвикува огромен медиумски интерес.

Истота така ќе се одржи традиционалниот турнир во кошарка ,,Сестри Китеви’’ на првиот ден од Гроздоберот и традиционалната таблијада, додека од културни настани се издвојуваат повеќе изложби кои ќе се одржат во Локален музеј Галерија и секако белегот на Тиквешкиот Гроздобер – Тиквешки Карневал.

 

Слични вести