356
Откако почнаа протестите поради смртта на младата Махса Амини, иранските власти уапсија 18 медиумски работници, соопшти денеска Одборот за заштита на новинарите.
Неколкумина од нив се одведени од своите домови во текот на ноќта, „без судски налог за апсење“, наведува Одборот.
Уапсени се и борци за човекови права, меѓу кои и Хосеин Ронаги, кој се бори за слободата на изразување.