317
За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk, информираа од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека „со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица“.
Од МЗ информираат дека „вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“.