476
Демонстрации, против снабдувањето на Украина со оружје за војна со Русија, се одржаа денеска во Берлин со над 10.000 луѓе.
Демонстрациите се организирани од истакната левичарка германска политичарка, а следуваат еден ден по една година од руската инвазија врз Украина.
„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега! …Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе – и не приближува до трета светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.
Германија, заедно со САД, е еден од најголемите доставувачи на оружје за Украина.
Портпаролот на полицијата рече дека 10.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршка порта во центарот на Берлин.