Над 1.500 полицајци ќе бидат ангажирани на албанското крајбрежје

by Fokus

Албанската полиција ги презема сите потребни мерки за да го гарантира јавниот ред и безбедноста во туристичките и крајбрежните области во текот на летната сезона.

Државната полиција информираше дека се ангажирани 1.600 припадници на полицијата од повеќе сектори, меѓу кои и единицата за брза интервенција. На располагање на овие сили ќе бидат 180 возила, автомобили, комбиња, мотоцикли, велосипеди и пловни објекти.

Генералниот директор на државната полиција, Арди Велиу, побарал од сите полициски структури максимална посветеност со цел да спречат и идентификуваат нелегалности, да ги зголемат безбедносните параметри во туристичките области, на плажите, во спречувањето на сообраќајни несреќи, да интервенираат навреме за да се спречи евентуален криминален настан или да се нормализира сообраќајот во случај на поголема фрекфенција.

-Полициските служби треба да носат маски, за да го заштитат нивното здравје и здравјето на граѓаните, затоа што имајќи ги предвид бројките на заболените од вирусот, треба строго да се почитува оваа многу важна мерка, порача Велиу.

Поврзани новости