Над 1.000 граѓани се фотографирале за лични документи без закажување во првиот ден во новите простории на МВР

by Fokus

Од денеска започна фотографирањето без претходно закажување за нови лични документи.

Во првиот ден фотографирани се 1.047 граѓани во 12те кабини во новиte простории на МВР во скопската населба Пролет.

Граѓаните кои немаат термин за нови документи или имаат термин по 12 февруари 2024 година, можат лични документи да извадат на новиот пункт на МВР а работното време е од 8 до 18 часот, информираат од таму.

Поврзани новости