Набљудувач и партиски симпатизери спречувале граѓани да гласаат

by Фокус

Министерството за внатрешни работи објави дека на своја адреса примила нови пријави поврзани со денешниот референдум.

Во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Горно Коњаре набљудувач враќал луѓе кои оделе на гласање.

Во Полициската станица Берово, пак, било пријавено дека во селото Будинарци имало симпатизери на политичка партија кои вршеле притисок и ги спречувале граѓаните да гласаат.

Поврзани новости