924
Македонскиот пејач Александар Јосифовски заврши втор во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој во суперфиналето се натпреваруваше против Нермин Хаџиќ и освои 40 илјади гласови помалку од него.
Двајцата пејачи беа единствените што испеаја по три песни, но публиката на крајот повеќе гласови му даде на Нермин, чиј ментор беше Вики Миљковиќ.
Саша Поповиќ откри дека победникот Нермин добил 128.456, а Александар 87.650 гласови.
Победникот како награда доби автомобил.