На осуденикот кој вчера почина во затворот во Шутка му се слошило и починал од срцев удар, информираат за „Фокус“ од затворот.
Според информациите на „Фокус“ од затворот, на осуденикот вчера вечер му се слошило и била веднаш повикана Брза помош.
Му била направена реанимација, но неуспешно и веднаш случајот бил пријавен на надлежните институции.
Директорот на затворот, Филип Андов за „Фокус“ вели дека починатиот бил примерен затвореник и одлежувал казна затвор за производство и продавање на дрога. Досега се немал пожалено на некои здравствени проблеми, ниту пак имал срцев или мозочен удар.
-На 22.04.2023 во 21.55 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека во отвореното одделение починал осуденикот Д.З.(54) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт,соопшти МВР.
На телото на починатиот наредена е обдукција.