На Западниот Балкан наместо членство му се нуди формирање на Европска економска зона

by Fokus

Зад кулисите во Брисел во оптек е идеја како да се надминат актуелните фрустрации од ставот на Емануел Макрон кој ја спушти рампата на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан. Наместо полноправно членство во ЕУ според актуелниот предлог за компромис на шесте држави од Западниот Балкан би требало да им се понуди создавање на Европска економска зона (ЕЕА), анализира Новатв.мк.

ЕУ треба да им понуди на сите шест нации на Западен Балкан можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд. Тоа значи дека треба радикално да се реформира методологијата за проценка на напредокот, се вели во предлогот на Европската иницијатива за стабилност.

ЕЕА ги опфаќа сите клучни области што се важни за потенцијалните инвеститори. Ги утврдува европските стандарди. Испраќа силен сигнал до граѓаните дека, на крајот, ќе се надминат границите и изолацијата. ЕУ треба да ги зголеми ресурсите за Западен Балкан да го направи сето ова попривлечно. Ова, според предлогот ќе и  помогне на ЕУ да утврди влијанието во регион кој заедно има помалку од половина од БДП на Романија и е опкружен со членки на ЕУ.

Овој однос не гарантира за пристапување во иднина, но, ниту исто така оваа понуда за вакво  партнерство не би требало да го исклучува идното пристапување кон ЕУ кога таа може би ќе биде подготвена за тоа.

Ова ќе бара кредибилни реформи за владеење на правото . Земјите што ги кршат основните човекови права или им се закануваат на нивните соседи може да бидат исклучени или суспендирани – што треба да одговори на барањето за реверзибилноста кое го постави  Макрон . Овој процес треба да се стави на маса  на самитот во Загреб во мај 2020 на кои ќе бидат шесте земји од Западен Балкан.

Штом напредокот на Балканот во овој аранжман  стане видлив, популарноста на пристапувањето може да се зголеми, предвидува Европската иницијатива за стабилност.

Уривањето на сегашната пристапна политика е закана за влијанието на ЕУ, во критичен регион, во критичен момент на глобална неизвесност. Тоа беше длабоко неправедно кон владата во Скопје но, тоа може да биде шанса за нешто поверодостојно, пофер и трансформативно, се вели во овој предлог.

Поврзани новости