Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вчера преку Фејсбук најави дека фокусот на претстојната средба на лидерите на Србија и Косово на втори мај во Брисел ќе биде првиот нацрт на Заедницата на српски општини.
-Како прв состанок по Охрид, средбата ќе биде важна за имплементација на Договорот и неговиот анекс. На дневен ред ќе бидат формално усвојување на Декларацијата за исчезнати лица, презентација на првиот нацрт статут на Здружението/Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово од страна на менаџерскиот тим и актуелни прашања што треба итно да се разгледаат“, напиша Лајчак.
Словачкиот дипломат додаде дека ЕУ „затоа очекува дека двете страни во Брисел да дојдат добро подготвени и целосно посветени на фазата на имплементација“.