Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе детали за вчерашната трагедија во која изгоре модуларната Ковид болница во Тетово и животот го загубија 14 лица.
-Дозволете да се извинам што после трагичниот настан излегуваме вака касно со информации. Причина беше што сакаме да ги собереме сите релеванти информации во повеќе аспекти. Ова е тажен ден за нашата земја, израдузам најдлабоко сочуство. Длабоко ме потресе она што се случи. Се уште трага истрагата и замолувам да имаме трпение. На денешната владина седница донесовме одлука да се вклучат експерти од странство. Од одговорност никој нема да биде изземен, доколку истрагата тоа го утврди. Во Ковид центарот биле хоспитализни 26 пациенти, двајца лекари, 4 медицински сестри. 12 пациенти во моментов се во стабилна здравствена состојба. Нема повредени ниту починати од медицинскиот персонал. Телата на 14 пациенти се предадени на судска медицина. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Ќе се прават анализи на ДНК, рече Филипче.