На вонредна седница изгласани субвенции за ЈСП – Скопје нема да остане без јавен превоз

by fokus

Советничките групи во Советот на Град Скопје, односно 32 советници дадоа поддршка на предлогот за субвенционирање на работењето Јавното сообраќајно претпријатие доцна синоќа на вонредна седница со што ЈСП продолжува со работа и Градот ја отстрани заканата Скопје да остане без јавен превоз.

ЈСП нема да ја добиле целата сума од 12 милиони евра како што беше предвидено со буџетот на градот, туку 10 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ утрово ги обвини останатите советнички групи „за доделување над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се трошат“.

-Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа.

Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости