Руските војници кои се истакнаа во Брјанск при апсењето на осомничените за терористичкиот напад во „Crocus City Hall“ во близина на Москва беа наградени со медали за храброст и воени заслуги.
Заменик-командантот на Ленинградскиот воен округ, генерал-полковник Еседула Абачов, им додели државни и ресорни награди на војниците на групата што ја штити границата на Руската Федерација, а кои се истакнаа при апсењето на терористите во областа Брјанск, соопшти Министерството за одбрана. Абачов му честиташе на секој учесник во операцијата и високо го оцени извршувањето на зададените борбени задачи.
Најмалку 137 лица загинаа во нападот врз посетителите на концертот во петокот вечерта, а се претпоставува дека оваа бројка ќе продолжи да расте.
Федералната служба за безбедност претходно објави дека 11 лица, меѓу кои четворица терористи, се приведени во близина на руско-украинската граница.
Во Русија, 24 март го прогласи за Ден на национална жалост.