На ВМРО-ДПМНЕ му оди соработката со ДУИ, со години ги киднапираа институциите, велат од Левица

by Fokus

Криминалниот буџет на Општина Гевгелија за следната година советници на ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа со помош на купен советник од коалицијата на СДСМ. Оваа пракса на меѓусебно купување и продавање на доверените претставнички функции, не е ништо ново за криминалниот двоец СДСМ-ДПМНЕ, и постојано се случува, како што знаеме и за купопродажбата на пратеници за уставните измени,реагираат од опозицискта Левица.

„ВМРО-ДПМНЕ има природна привлечност кон соработка со СДСМ, а особено со ДУИ, бидејќи заедно се причинителите за повеќе децении на киднапирани институции кои служат единствено за лично богатење на раководствата. Со едните редовно се помагаат преку меѓусебната лажна опозиција, независно од нивото на власт, додека со другите го спремаат теренот за повторно обединување во власт – ВМРО-ДПМНЕ сака да владее заедно со ДУИ“, се наведува во партиското соопштение.

Таа соработка веќе и формално се забележува во неколку општини во кои владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како во Велес, надоврзувајќи се на општините каде ВМРО-ДПМНЕ ужива слобода во советите преку кои се полнат џебовите во Белата палата и оние каде заедно со СДСМ го легитимираат својот криминал, како во Неготино и Гевгелија.

 

Поврзани новости