На владина седница не е расправано за работните групи за предлогот една изборна единица

by Fokus

Владата на седница нема расправано за работните групи за една изборна единица односно за измена на Изборниот законик, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на прашање кога ќе бидат формирани групите и кои ќе бидат членови.

-Секако, повеќе информации ќе следуваат понатаму затоа што е во раце на партиите кои на крајот ќе го имаат последниот збор, рече Арсовски на редовната прес-конференција.

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски пред десетина дена изјави за медиумите  дека процесот за нов Изборен законик односно на моделот на избори прво треба да го дефинираат  работни групи, а притоа ќе бидат вклучени експерти и стручна јавност со цел да бидат видени, како што рече, сите предвидувања како ќе изгледа изборниот процес врв основа на претпоставен нов изборен модел.

Поврзани новости