386
Од Владата информираат дека на денешната владина седница ќе се разгледаат повеќе точки, меѓу кои една е поврзана со безбедносната состојба во Украина.
-Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, како и Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, велат од Владата.