На Владимир Здравев му е одреден притвор за спомениците од „Скопје 2014“

by Fokus

На поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев му е одреден притвор од 30 дена.

На двајца осомничени В.З. и Љ.Б. од судија на претходна постапка им е определен притвор. За трет осомничен (Т.Д.) е определен куќен притвор. Уште тројца осомничени ќе бидат изведени пред судија за претходна постапка.

Здравев е осомничен во предметот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал во предметот под кодно име „Феникс“ за злоупотреба на службена должност и овластување при изградба на спомениците од „Скопје 2014“. Обвинителот Љубомир Лапе на денешната прес конференција на Обвинителството информираше дека покрај здравев во истрагата се осомничени уште 15 физички лица и 7 правни лица, а дека за седум осомничени побарале мерка притвор.

Тој објасни дека дел од осомничените се гонат и за кривично дело перење пари, бидејќи преку оф шор компании пушиле во промет пари стекнати од кривично дело, им го скриле потеклото и движењето. Обвинителот рече дека предметот е работен од поранешното Специјално јавно обвинителство и дека тој во него е вклучен од 2016 година. Тој додаде дека предметот се однесува само на 11 споменици кои се изградени во Општина Центар.

Обвинителот рече дека истрагата е почната вчера, кога доцна попладне беше уапсен поранешниот градоначалник на Општина Центар Влдимир Тодоровиќ, кој е осомничен за злоупотреба на службена должност и овластување, бидејжи во периодот од 2007 до 2013 година тој овозможил незаконски да се префрлат средства од државниот буџет и од буџетот на Министерството за култура за изградба на спомениците преку Општина Центар, а кои се меморијални споменици и за нив е надлежно Собранието.

Обвинителот Лапе рече дека Тодоровиќ не е осомничен за перење пари, туку само за злопотреба на службената должност.

Покрај нив осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, потоа поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, поранешната министерка за култура Елизабета КАнческа Милеска, и поранешната градоначалничка на Општина Центар Виолета Аларова.

Поврзани новости