Пожарникарите спасија 28 луѓе кои се заглавија висејќи 30 метри, превртени наопаку за време на возењето во забавен парк во Орегон.
Едне од посетителите на паркот, Крис Рајан изјавил дека тој и неговата сопруга, кои биле во паркот за неговиот роденден, требало да одат на возење – што работи како нишало, со способност целосно да ги превртува луѓето наопаку. Во тој момент виделе дека нишалото е заглавено и луѓето висат во воздух.
На крајот седнале на панорамското тркало и од разглас ја слушнале најавата дека паркот е затворен и дека луѓето треба да се евакуираат.
Портланд Fire and Rescue објави на социјалните мрежи дека пожарникарите работеле со инженерите во Oaks Park, кој првпат бил отворен во 1905 година, за рачно да го спуштат реквизитот, но дека екипите се подготвувале да спроведат спасување под висок агол доколку е потребно.
Кога возењето престанало, вработените во паркот веднаш повикале брза помош, која пристигнала околу 25 минути подоцна, пишува News sky.
Реквизитот е во функција од 2021 година и немало претходни инциденти, соопштија од паркот. Ќе остане затворен до понатамошно известување.