На вчерашните протести во Солун и Атина приведени 35 лица

by Fokus

Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба.

Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, во сите грчки градови се одржаа протести, а најмасовни беа во Солун и Атина, каде што, како што соопштија од грчката полиција, учествуваа по околу 30,000 граѓани.

По завршување на официјалниот и во двата града имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.

Според грчката полиција, во Солун, група од колку 30 маскирани лица се одвоиле од демонстрантите и ги нападнале полицајците со предмети и молотови коктели, при што биле приведени 23 лица, додека во Атина, околу 50 лица, исто така се одвоиле и ја искористиле толпата за прикривање, напаѓајќи ја полицијата со предмети и молотови коктели и 12 лица биле приведени, еден уапсен, а четворица полицајци биле повредени.

Во Атина инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер.

Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА.

Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.

Поврзани новости