145
На Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои градоначалникот на општина Струга – Рамис Мерко ќе го има и Факултетот за медицински науки. Оваа одлука ја одобрил министерот за образование и наука во заминување, Јетон Шаќири, кој е сопартиец на струшкиот градски татко, објави „СДК.мк“
На Универзитетот на кој има факултет за економски науки, правен факултет, и факултет за информатика и политички науки, отсега ќе има и студенти кои ќе студираат медицински науки.
Од МОН потврдија дека се исполнети условите за започнување медицински студии на УНС, а позитивно мислење дале и од Агенцијата за квалитет на високото образование и Одборот за акредитација.
Ова ќе е шестиот факултет по медицински науки во Македонија.