Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Украина и треба мир, а не оружје.
Унгарскиот став што ќе го претставуваме е непроменет. На Украина треба да и се испорача мир, а не оружје – порача Орбан на Фејсбук во видео-обраќање од Вилнус, каде што се одржува дводневниот самит на НАТО, пренесува МТИ.
Тој повика на прекин на огнот и итен почеток на мировните преговори, наведувајќи дека десетици илјади Унгарци се во непосредна опасност.
Орбан рече дека Будимпешта сака НАТО да се држи до својата претходна позиција, потсетувајќи дека НАТО е одбранбен сојуз.
– Основана е за да ги заштити своите земји-членки, а не да врши воени операции на територијата на други земји – рече премиерот на Унгарија.
Тој посочи дека позицијата на Унгарија е целосно усогласена со позицијата на НАТО, бидејќи Алијансата не испраќа војници или оружје и не обучува војници за борба, туку е фокусирана на зајакнување на одбранбените способности на своите членки.
– Ова е неопходно, правилно е и Унгарија ќе го поддржи – заклучи Орбан.