671
На УКИМ во Скопје, за предавањата во зимскиот семестар од претстојната учебна година ќе се применува комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство), информираа од Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Испитната сесија која е во тек, исто така, продолжува со таков комбиниран модел – според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од ковид-19.