Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во дебатата во „Само вистина“ го обвини вицепремиерот Фатмир Битиќи дека неговата сопруга противзаконски прибавила средства за нејзина невладина организација, вицепремиерот најави тужба за клевета.
Дали можете да ми кажете како вашата сопруга добивала 600 000 евра за невладина организација, мислам дека е чесно да кажете“, рече Николовски
„Кажете ми дали се повикувате на пратеничкиот имунитет или стоите зад своите зборови?, праша Битиќи, на што Николовски одговори дека нема да се повика на пратеничкиот имунитет.
„Во тој случај следува тужба за клевета, бидејќи нема еден денар земено мојата сопруга од сумата за која тврдите, ако има еден денар земено, јас тие пари ќе ги вратам на Александар, а ако нема, ќе побарам од него оштета од 600 000 евра и парите ќе ги донирам за едукација на сите негови пријатели за да не станат како него“, кажа Битиќи.