На температури под нулата, студентите во домот „Кузман Јосифовски-Питу“ оставени без парно?

by Фокус

Околу 500 студенти веќе со денови се смрзнувале во студентскиот дом „Кузман Јосифоски-Питу“, информираат од Студентскиот Пленум.

-Студентите, станари на овој дом, ни напоменаа дека во домот нема парно веќе подолг период. Утре и задутре се очекува вечерните температури да достигнат и до -16 степени. Затоа ги повикуваме сите релевантни институции веднаш да се зафатат со решавање на овој проблем, бидејќи таму седат нивните деца, иднината и интелигенцијата на оваа држава, велат од Студентски Пленум.

Тие додаваат дека ова не е само студентски проблем, туку е пропаст на основните вредности на општеството.

И дел од студентите сместени во домот „Пелагонија“ се пожалија дека од почетокот на академкската година речиси никогаш немаат топла вода за туширање. Во овој студентскми дом се сместени околу 1.000 студенти.

 *фотографијата е од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Поврзани новости