737
На Миле Јовановски, официјалниот сопственик на 1ТВ и татко на Боки 13, наскоро ќе му се суди за напад на свештеникот Виктор Стојчев.
Првото судско рочиште е закажано за 21 октомври во Кривичниот суд, кога Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.
Според објавите во дел од медиумите нападот на свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, по што Стојчев поднел кривична пријава против Јовановски. Дел од мениумите објавија и снимка од наводниот напад.
В.В.