Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска се закити со уште едно признание од музичката манифестација. Таа е прогласена за најдобар женски артист на Евровизија 2019 од страна на ЕСЦ Радио, и освоила 23,3 проценти од гласовите.
Веднаш зад неа се наоѓа претставничката на Австралија, Кејт, а на третото место е Тамта од Кипар.
Од ЕСЦ Радио ја потврдија информацијата, додавајќе дека ќе стапат во контакт со Тодевска и ќе и биде врачен трофеј за постигнатиот успех.
Покрај неа, како најдобар машки артист на Евросонг 2019 е прогласен Лука Хани од Швајцарија, а Кеиино од Норвешка е најдобрата група според гласовите на слушателите.
Наградата за најдобра песна отиде кај евровизискиот победник, Данкан од Холандија, а во истата категорија Тамара се најде на петтото место.
Вики Клинчарова