112
На сите гранични премини за влез во земјава е зголемена фрекфенцијата на возила, информира АМСМ.
Оттаму велат дека најголем интензитет на сообраќајот има на граничниот премин Табановце, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични преемини се чека околу еден час.
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодуваат брзината на движење во согласнот со поставената сообраќајна сигнализација.
На внимателно управување со возилата се предупредува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова се однесува на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево