На „Табановце“ се чека по 30 минути

by fokus

Собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

-На граничниот премиен Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот, поради реконструкција на коловозната конструкција. По 17 часот патниот правец е отворен за сообраќај, при е обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Поврзани новости