На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ до 40 минути

by Fokus

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен, а дека на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути за излез и влез во државата, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути.

Оттаму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости