На „Табановце“ се чека околу 30 минути

by fokus

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто мото сојузот.

Оттаму со препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости