471
Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државава времето на чекање е околу 30 минути.
Автомотосојузот информира дека на останатите премини, од македонска страна, вечерва нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.