На Табановце се чека 45 минути, на Богородица половина час

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце за влез во државава времето на чекање е околу 45 минути. На граничниот премин Богородица времето за чекање за излез е околу 30 минути, соопшти Автомото сојузот.

На останатите премини, од македонска страна, како што се посочува, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости