На Табановце претпладне поминале над 3.000 патници откако се укинаа тестовите и изолацијата

by Frosina Fakova

На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, соопштија денеска од МВР.

Од нив во земјава се влезени 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

Владата на 72-та седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и без карантин.

Поврзани новости