На Табановце откриени превозници на патници без документи

by Fokus
Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера при контрола утврдиле дека со автобус и комби кои немале соодветна документација се вршел меѓународен превоз на патници.
– При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.

Поврзани новости