На граничниот премин Табановце и на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
Од АМСМ потсетуваат дека од 9 до 20 август 2022 година, на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.