Прилепчанецот Александар Ристески го фати светиот крст во Кавадарци. Пред камерите тој изјави дека уште од 2012 година доаѓал во Кавадарци и влегувал во водите по светиот крст.
Ова му било третпат во Кавадарци да биде среќниот кој го фатил крстот, откако претходно тоа му успеало во 2013 и 2015 година.
-Доаѓам секоја година, уште од пред осум години. Никогаш нема да се откажам, ова го правам за здравје, за среќа, јас сум верник. Посакувам секоја година се повеќе млади да се вклучуваат во оваа традиција, а општината да продолжи да гради и да оди напред. Денес ми е роденден, па ете Господ сакал да ми го даде крстот – изјави тој.
Заменик градоначалникот на Кавадарци, Никола Трендафилов му подари телевизор и симболични подароци од спонзори.
Вики Клинчарова