891
Моментално во околината на Кочани роднини трагаат по 16-годишната Наташа Николова од Оризари, која вчера во осум часот наутро излегла од дома и и се губи секаков траг.
Блиски роднини на девојчето за ,,Фокус” велат дека условите се лоши, но сепак не се откажуваат од потрагата. За Наташа појаснуваат дека вчера и бил 16-от роденден, била мирно и тивко девојче и никогаш не се случило вакво нешто во минатото.
-Со себе го зела мобилниот телефон, но исклучен и е. Пари не зела со себе. Облечена е во темни тренерки и носи ранец. Со нас, роднините кои ја бараме има неколку полицајци. Апелираме за помош од сите кои имаат било каква информација, да се јават во полиција – велат роднините на Наташа.
Вики Клинчарова