На денешното судење за случајот „Трезор“ се прегледуваа снимки од главната расправа оддржана во септември минатата година на која се изведуваат материјални докази. Судењето за овој предметот започна одново, бидејќи од одржувањето на последното рочиште поминаа 90 дена.
Случајот го води судијката Женета Бегтовиќ и се наоѓа во доказна постапка.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.