На судењето за “Тортура” се гледа како се броеле парите за кои Бошкоски беше осуден во “Кампања”

by fokus

Во моментот во Кривичниот суд на рочиштето за случајот “Кампања” се презентираат видео снимки поврзани со апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, како осомничен во случајот “Кампања”.

На снимката се гледа како во една просторија вработени во МВР ги пребројуваат парите кои ги пронашле кај Бошкоски, односно како што рече обвинителот Љубомир Лапе,  ги обработуваат прибавените докази.

По кратко емитување на снимката обвинителот предложи да не се презентираат останатите снимки бидејќи на нив се гледа само пребројување на пари, и нема да се открие некој нов елемент.

Адвокатот Петар Василев пак истакна дека одбраната не се согласува со ваквиот предлог и инсистираат снимките да се гледаат до крај бидејќи покажуваат зошто Бошковски бил апсен а потоа и осуден.

Судијката го прифати предлогот на одбраната и снимките ќе се гледаат до крај, што значи дека јавноста ќе гледа запишување на сериските броеви на 100.000 евра, кои се банкнота од по 100 евра.

Меѓу обвинетите во “Тортура” е и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

В.В.

Поврзани новости