На судењето за “Тортура” презентирана снимка од апсењето на Љубе Бошкоски

by fokus

Во моментот во Кривичниот суд, на рочиштето за “Тортура”, се гледа снимка од апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, во случајот “Кампања”, која била снимена од МВР.

Според објаснувањето на обвинителот Љубомир Лапе, Бошкоски на оваа снимка Бошкоски по втор пат е донесен пред расторанот “Воденица”, каде што првично беше уапсен, на брутален начин. Во негово присуство и на неговиот адвокат, МВР врши претрес на неговиот автомобил, а службената документација ја изготвуваат на хаубата од автомобилот.

Бошкоски е во постојано друштво на припадници на “тигрите” и на неколку полициски инспектори кои носат црни качулки на главите.

Според СЈО тортурата врз Бошкоски е направена веднаш откако е уапсен, при што му бил ставен пиштол на образот и му биле упатувани коментари, од тие што го апсат. Но, потоа бил одалечен од местото за да набрзо од непознати причини по втор пат е вратен пред ресторанот и се врши увид без да се прави тортура врз него. При по пвторното враќањето на Бошкоски пред ресторанот не се присутни алфите кои се обвинети за тортура.

Може да се заклучи дека ова снимка покажува како всушност требало и можело да се изврши апсењето на Бошкоски, без тортура, за разлика од првата снимка, на која тој е понижуван.

Во овој случај обвинет е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Поврзани новости