На судењето за „ТНТ“ треба да се појави докторката која му даде боледување на Трајковски

by fokus

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи нов рочиште  за случајот „ТНТ“, односно за уривањето на комплексот „Космос“, откако минатото беше одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде  и докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, а поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет, и по две години судење, процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Поврзани новости