Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“, со сослушување на тројца сведоци повикани од обвинителството. Во судница е предвидено да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Кичеец, призна вина, по што беше осуден на три години затвор. Тој се гонеше за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се закануваше затворска казна од 1 до 10 години.
Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор.
Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите.