На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија за наводни киднапери на деца кои се движат низ Македонија. кружат драматични апели за наводни киднапери на деца кои се движат низ Македонија.
Лицата наводно последен пат се видени во близина на скопско Батинци каде се обиделе да киднапираат две девојчиња.
„ИЗВЕСТУВАЊЕ! ОВИЕ 5 ДУШИ СЕ КИДНАПЕРИ НА ДЕЦА! И се движат моментално околу Скопје, поточно Батинци!. Денес имаше обид за грабнување на моите 2 внуки, но за среќа неуспешно. Затоа апелирам до сите граѓани овие лица ако некој ги види да ги пријави во полиција!. СПОДЕЛИ!!!!“, вели еден корисник на Фејсбук.
Од МВР велат дека досега до нив не е поднесена никаква пријава во врска со обид за грабнување или грабнување на дете. Вакви пријави немало ниту изминатиов период.
-Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, велат од МВР.