540
Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција соопшти дека предмалку на скопскиот аеродром слетал авион од Брисел, во кој неколку патници се со симптоми на грип. Тие веднаш ќе бидат однесени на тестирање, а останатите патници ќе бидат задржани на аеродром.
-Во овој момент е слетан авион од Брисел во кои повеќе луѓе имаат симптоми. Тие веднаш ќе бидат пренесени на тестирање, а останатите ќе бидат задржани на аеродром додека не стигнат резулатите. Кога ќе стигнат резулатите од тестирањето, ќе се направат анализи дали останатите патници ќе бидат ставени во групен карантин, се разбира доколку се потврди дека некој е позитивен на вирусот, рече Филипче.