405
На скопскиот аеродром вчера биле приведени две лица кои биле барани за различни кривични дела.
Според Министерството за внатрешни работи, во едниот случај се работи за В.Ш. од тетовско Камењане, кој се наоѓа на листата со мерка “А” (апси) за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во вториот случај, пак, станува збор за Ј.С.(30) од Скопје, кој, пак, се наоѓа на листата за кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
И двајцата се предадени во полициска станица за понатамошна постапка.