На скопската Клиника за гинекологија лани починале 178 бебиња

by Fokus

На скопската Клиника за гинекологија лани починале 178 бебиња, од кои 116 се родени мртви, информираат од болницата за „Фокус“, откако им се обративме и побаравме со јавноста да ги споделат бројките на починати новороденчиња, кои со години се чуваа како државна тајна.

Од вкупната бројка на починати бебиња во сите родилишта во државата, која изнесува 201 починато новороденче, речиси 89 отсто отпаѓаат на Клиниката за гинекологија.

– Од вкупната бројка на новородени бебиња со смртен исход, 178 (88.56%) биле регистрирани на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Сличен тренд е евидентиран и за мртвородените, каде од вкупно 193 случаи, 116 (60.1%) се евидентирани на УГАК – се наведува во одговорот од клиниката.

„Фокус“ лани објави дека за само шест месеци на клиниката починале повеќе од 80 бебиња, од кои 20 починале само за две недели. Исто така, располагаме со имињата и презимињата, како и болничките истории на повеќето од мајките, кои ги изгубија своите бебиња.

Инаку, на Гинеколошката клиника во Скопје, годишно има од 5.000 до 5.500 породувања, а за првите шест месеци од 2016 година на оваа клиника имало приближно 2.700 породувања.

 

И.М.

 

Поврзани новости