535
Поранешниот осуден премиер, Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта на социјалните мрежи ја честиташе Новата година и порача дека на сите кои не можеле да го смислат оваа, идната година ќе им бидела полоша.
-Среќна нова 2023 година!
Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!
Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!
Бог нека е со Вас и со Македонија!
П.С. На сите луѓе кои не можеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша, напиша Груевски.