514
Само неколку часа пред кобната несреќа во железничкиот сообраќај во Грција, шефот на станицата погрешно пренасочил уште еден воз: приградскиот воз во Лариса, објави грчката телевизија „Скај“.
Машиновозачот на приградскиот воз го сфатил тоа и укажал на грешката, по што го прашал главниот на станицата дали е се во ред, но не добил одговор.
Сега шефот на станицата се соочува со обвиненија за нарушување во сообраќајот и за тоа дело му се заканува затворска казна од десет години до доживотен затвор, но и обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност.